Search

Гвардиола: Одиме во Лондон да го добиеме дербито со Арсенал

Актуелниот фудбалски шампион на Англија, Манчестер сити ја совлада Астон Вила (3:1) и по новиот кикс на лидерот Арсенал кој ремизираше со Брентфорд (1:1) се доближи на само три бода пред нивната меѓусебна пресметка в среда (20.30 ч.) во Лондон.

Сити со победа ќе има прилика да се израмни во трката за одбрана на титулата со Арсенал, а тренерот Пеп Гвардиола не крие дека тоа ќе биде главната цел на неговата екипа.

-Арсенал има натпревар помалку. Ќе видиме што ќе биде кога ќе заврши Премиер лигата. Одиме во Лондон да победиме. Кога еден тим има 50 поени по првиот дел, тоа е затоа што е многу добар тим. Ние го намаливме заостанувањето затоа што играта против Астон Вила беше многу добра – вели Гвардиола.

Арсенал и Сити имаат одиграно еден меч во актуелнава сезона и тоа на крајот на месец јануари во рамките на ФА Купот. Клубот од Манчестер славеше со 1:0, но четата на Артета беше рамноправен противник и затоа се очекува голема борба, неизвесност за два дена на „Емирејтс“.

Треба да знаете
Последни објави