Search

ВМРО-ДПМНЕ: Еден дефект на Клиниката за пулмологија и болните не може да се примат во болница

Оттука, уште еднаш се потврдуваат стратешките грешки во здравството:

ПРВО, Да имаше нов клинички центар барем оној во кампусот клиники Мајка Тереза, ќе беше многу поинаку за пациентите и условите ќе беа подобри за персоналот.

ВТОРО, Дали беше грешка одлуката Центарот за цистична фиброза да се премести од Детската болница – Козле на УК Педијатрија и УК пулмологија и алергологија? Персоналот е обучен и подготвен за третман и следење на ваквите пациенти, просторните услови ќе беа подобри доколку имаше нов клинички Мајка Тереза, или доколку останеа во Детската болницата – Козле.

ТРЕТО, стратешка грешка е да се инвестира во дотрајаната зграда на Интерна медицина во Кампусот Мајка Тереза, оваа зграда инфраструктурно не може да одговори на потребите на здравствениот систем.

Треба да знаете
Последни објави