Search

Адеми: Има доволно мнозинство за гласање за реконструкција на Владата

Пратеникот и координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми денеска во изјава за медиумите од Собранието тврдеше дека има доволно мнозинство за гласање за реконструкција на Владата.

-Секако дека има доволно мнозинство, дури и над она што е потребно за гласање на реконструкцијата на Владата. Тоа суштински значи забрзување на реформските процеси, особено забрзување на реформите во судството, правна држава, помоќни институции, пред се функционален Парламент. Нашата желба и нашата покана е за Алтернатива и за Беса и за сите други да се приклучат за создавање на заеднички европски фронт, рече Адеми.

Адеми истакна дека сите прашања што произлегуваат од процесот на склучените договори со Европската унија се и остануваат приоритет на ова парламентарно мнозинство кое се проширува.

Треба да знаете
Последни објави