Search

Гаши: Се креира перцепција дека СДСМ е заложник на Албанците, вака ќе се предизвикаат тензии меѓу Македонците и Албанците

Лидерот Африм Гаши најави дека Алтернатива ќе гласа за уставни измени со кои Бугарите ќе бидат впишани во Уставот, иако партијата ќе делуваат опозициски.

Тој не ја криеше разочараноста од СДСМ за одлуката да им земат ресори кои им ги даваат на Алијанса за Албанците.

„Во однос на програмските определби, нема дилема дали Алтернатива ќе поддржи или не. Но сметам дека СДСМ направи непромислен и ризичен потег за европските интеграции. Иднината ќе биде сведок дали сме биле во право или не. Да, ќе гласаме за уставни измени, за тоа нема дилема” – посочи Гаши.

Според него, по излегувањето на Алијанса од Владата, тројцата пратеници ќе делуваат самостојно како опозиција.

Гаши додаде:

„Со ваквите потези ќе произлезе и дебаланс и во меѓуетничките односи”, а прашан за тоа што мисли кога споменува дебаланс, лидерот на Алијанса посочи:

„Се креира перцепција дека СДСМ е заложник на Албанците. Тоа ќе предизвика меѓунационални недобри односи меѓу етникумите. А така некои политички партии кои се радикални, преку меѓуетничките односи ќе бидат посилни во Собрание. Најмногу важно за нас е што партиите можат ова да го злоупотребат и да го стопираат европскиот процес. Ние работевме на релаксација на етничките односи. Вака ќе предизвикаме тензии меѓу Македонците и Албанците”.

Алтернатива излезе од Владата поради прекршување на договорот од страна на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави