Search

(Видео) Дончиќ и Ирвинг заиграа заедно и загубија

Словенечкиот кошаркарски интернационалец Лука Дончиќ се врати во тимот на Далас по повредата и првпат настапи заедно со неговиот нов соиграч, Кајри Ирвин, но дебито како тандем ќе го паметат по поразот од Сакраменто (133:128).

Фокс беше најефикасен со 36 поени во победничкиот состав на Сакраменто, а Ирвинг со 28 поени беше прв стрелец кај Далас, Дончиќ постигна еден поен помалку 27 кошеви.

Никола Јокиќ во новиот триумфот на Денвер оствари нов трипл-дабл, постигна 30 поени, имаше 16 скокови и 10 асистенции и беше најдобар поединец на теренот на гостувањето кај Шарлот што неговиот тим го доби 119:105.

Резултати:
Бруклин – Филаделфија 98:101, Шарлот – Денвер 105:119, Орландо – Мајами 103:107, Вашингтон – Индијана 127:113, Атланта – Сан Антонио 125:106, Њујорк – Јута 126:120, Кливленд – Чикаго 97:89, Голден стејт – ЛА Лејкерс 103:109, Сакраменто – Далас 133:128.

Треба да знаете
Последни објави