Search

Аптекарка во Турција преживеала под урнатините потпевнувајќи ја омилената песна

Турската аптекарка Гизем Озкан (28), кој за време на земјотресот беше под уништената зграда во Адијаман, спасувачките екипи ја извлекоа и сега се наоѓа на лекување во Измир.

Таа рече дека првиот час бил многу тежок во урнатините од кои била извадена по цели 54 часа, но се обидела да се опушти со потпевнување на својата омилена песна.

Во болниците во градот продолжува лекувањето на 193 повредени лица, кои со воени авиони беа донесени во Измир од градовите уништени од земјотресот.

Гизем Озкан која беше погодена од земјотресот на 4-тиот кат од шесткатница во центарот на Адијаман раскажува за своите моменти и чувства под урнатините, пренесе агенцијата Анадолија.

Таа изјави дека сите членови на нејзиното семејство биле спасени од урнатините, но дека не може да се заборават страшните часови што ги поминале.

„Тоа е голема беспомошност. Не можете да дишете, има нешто огромно над вас. Опкружена од сите четири страни, нема каде да се дише”, рече таа.

Треба да знаете
Последни објави