Search

Поранешната бразилска претседателка Дилма Русеф ќе ја предводи банката на државите од БРИКС

Дилма Русеф – поранешната претседателка на Бразил во периодот 2011-2016 година, ќе ја предводи Новата банка за развој, формирана од земјите кои влегуваат во асоцијацијата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република), соопшти „Естадо ди Сао Паоло“, пренесе ТАСС.

Според изданието, предлогот на новата влада на јужноамериканската земја за нејзино назначување на чело на финансиската институција на местото на Маркус Тројхо, штитеник на поранешниот претседател на Бразил Жаир Болсонаро, е позитивно примен од страна на партнерите на Бразил.

Русеф ќе служи до крајот на сегашниот мандат на Бразил на чело на банката во 2025 година. На Троихо му е понудено да поднесе оставка и да се пресели во администрацијата на државата Сао Паоло, каде што гувернер е поранешен министер од владата на Болсонаро.

Русеф, според Естадо де Сао Паоло, ќе го придружува новиот претседател на Бразил, Лула да Силва, за време на неговата посета на Кина во втората половина на март.

Новата банка за развој е основана од земјите на БРИКС врз основа на меѓувладин договор потпишан на четвртиот самит на асоцијацијата во јули 2014 година во бразилскиот град Форталеза.

Новата банка финансира инфраструктурни и проекти за одржлив развој во земјите на БРИКС и земјите во развој. Од 2021 година, Обединетите Арапски Емирати, Уругвај, Бангладеш и Египет се примени во Новата банка за развој. 

Треба да знаете
Последни објави