Спасени три лица во Сирија по 110 часа, „Господ е голем“, извикуваа луѓето

Три лица се спасени откако 110 часа беа заробени во урнатините на зграда во Сирија.

Телевизиските снимки во крајбрежниот град Џабле покажуваат како сириски и либански спасувачки тимови извлекуваат две лица од урнатините на зградата.

„Господ е голем“, извикувале луѓето кои го следеле спасувањето на преживеаните, меѓу кои се вели дека има жена и нејзиното дете.

Бројот на загинати во земјотресот се искачи на најмалку 23.700. Во Сирија загинаа повеќе од 3.500 луѓе, додека во Турција бројот на загинати надмина 20.200.

Треба да знаете
Последни објави