Шукова ќе биде новата министерка за екологија, Манолева нов заменик министер во здравство

Каја Шукова, државната секретарка во екологија ќе биде предлогот на СДСМ за министерка за животна средина. Шукова на министерската позиција ќе дојде на местото на Насер Нуредини откако за влезот на новиот партнер во Владата ,Алијанса за Албанците, ДУИ таа позиција ја отстапува на СДСМ поради етнички баланс.

Освен Шукова, според информации од СДСМ, владејачката партија за нов заменик министер во здравство ќе ја предложи Маја Манолева, која ќе дојде на местото на Владимир Рендевски. Манолева е директорка на Институтот за физикална медицина и рехабилитација.

Алтернатива пак, денеска ќе одлучи дали ќе остане во Владата.

Треба да знаете
Последни објави