Мајка со бебе родено пред 10 дена се спасени од урнатините

Десетдневно момче по име Јагиз е извлечено од урнатините во турската провинција Хатај, јавува Би-Би-Си.

Како што може да се види на снимките, бебето е во рацете на службите за итната помош, додека неговата мајка спасувачите ја носат на носилка. Засега не е позната нивната здравствена состојба

Повеќе од 21.000 луѓе загинаа во земјотресот што во понеделникот ги погоди југоисточна Турција и северна Сирија.

Треба да знаете
Последни објави