Ивановска: Ние предложивме разрешување на Мојсовски и одговорност за претходниот директор

,,Ние предложивме разрешување на Мојсовски и одговорност за претходниот директор на Агенција за млади и спорт. Причините за ваквата одлука ги посочивме и се јасни. Одговорното лице не управувало добро со буџетските средства иако за тоа има законски обврски. ” , вели директорката на ДКСК Билјана Ивановска на своето вечерашно гостување на Топ Тема.

,, Уште минатата година му укажавме што треба и што фали за да се поправи. Ништо не е спроведено. Како да недостасува волја да се направи нешто. Нема финаниски извештај, тој е само наративно напишан, и во ревизијата е утврдно дека не ги содржи потребните детали. Наликува на земав, потрошив и толку”, вели Ивановска.

Таа додаде дека ревизиоскиот извештај треба да бидат репер за работењето на една институција.

,, Со директорот не е разговарано по одлуката за иницијатива за кривично гонење, директно на темата, она што тој го споедели во медимите, дека ние имаме нешто лично против него, не е воопшто точно. Минатата година му кажавме што треба да преземе, во законот стои дека секое одговорно лице треба да работи одговорно, објективно и совесно со буџетот, и укажавме како треба да се поправи, но тој не презема ништо. Ревизиоскиот извештај треба да биде репер за работењето на една институција. Тој треба да ги испита сите детали од работењето на една институција, и тој е репер за нечија работа, а нивниот извештај покажува многу недостатоци” , рече Ивановска.

Треба да знаете
Последни објави