Марокански тенисер доживотно суспендиран поради местење на 135 натпревари

Поранешниот марокански тенисер Јунес Рашиди (36) е доживотно исфрлен од тенисот откако е прогласен виновен за местење на резултатите на 135 натпревари, објави Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA).

Ова е досега рекорден број прекршоци од еден играч откриен од ITIA.

Рашиди бил вмешаност во местење натпревари со уште двајца алжирски тенисери, кои ITIA неодамна ги казни.

Случаите беа откриени по истрага што властите во Белгија ја спроведоа во координација со ITIA. 

Треба да знаете
Последни објави