Шпанскиот фудбал тагува по легендата Маркос Алонсо Пења

Фудбалскиот свет остана без уште едно познато име, почина поранешниот шпански репрезентативец Маркос Алонсо Пења, тој беше и татко на актуелниот фудбалер на Каталонците Маркос Алонсо.

Алонсо сениор беше роден на 1. октомври 1959 година, а за Барселона настапуваше од 1982 до 1987 година. Почетоците на кариерата ги направи во Расинг Сантандер, додека на двапати играше и за Атлетико Мадрид (1979/82 и 1987-89).

Како тренер по завршувањето на фудбалската кариера работеше во: Рајо Ваљекано, Расинг, Севилја, Атлетико Мадрид, Сарагоса, Ваљадолид, Малага и Гранада.

Вкупно во кариерата на клупско ниво одигра 309 натпревари и постигна 49 голови. За издвојување е голот во 1983 година во финалето од Купот, со тој гол Барселона го победи Реал. За Шпанија одигра 22 натпревари и беше дел од тимот кој играше финале на ЕУРО 1984 година.

Треба да знаете
Последни објави