Search

Хатајспор истапи од турската Супер лига

По неколку дена од катастрофалниот земјотрес, додека спасувачките служби, војската, полицијата и други волонтери помагаат во потрага по луѓето под урнатините, фудбалскиот клуб Хатајспор испрати писмо до Фудбалскиот сојуз на Турција дека истапува од Супер лигата после се што ги снајде во оваа катастрофа. Претседателот на ФС на Турција, Мехмет Бујукекши го потврди тоа.

„Од Хатајспор денеска испратија писмо. Не известија дека нема да играат натпревари до крајот на оваа сезона. Доколку и Газијантеп исто така сака да истапи од лигата, тогаш во ред, ќе го прифатиме и нивното барање. Ние планираме да ја продолжиме лигата со 17 клубови. Поради тоа што се случи двата клуба имаат право на тоа и ние нема да превземеме никакви мерки против нив“, изјави Бујукекши.

Кога е Хатајспор во прашање, потрагата по Кристијан Атсу се уште е во тек. Претходно се веруваше дека е пронајден, но подоцна се воспостави дека тоа не е вистина. Освен тоа се уште се трага по спортскиот директор Танер Савут.

Хатајспор е клуб од градот Антакја во близина на границата со Сирија и е еден од градовите кои претрпе најголеми штети од земјотресот.

Треба да знаете
Последни објави