Search

Одземена голема количина на пари, компјутери, телефони од домот на Стаменковски

Марјан Стаменковски, против кого скопското Обвинителство добило повеќе пријави по кои постапува, ноќта ќе ја помине во полициска станица. Таму ќе биде задржан, се додека обвинителот не одлучи дали ќе бара од судот на Стаменковски да му бидат одредени мерки за обезбедување на присуство. Постојат и информации кои говорат дека додека траел претресот Стаменковски побарал медицинска помош, поради што била повикана Брза помош.

Компјутери, телефони, пари. Ова се само дел од работите кои се запленети од домот на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“. Неофицијално, извори од МВР, посочуваат дека се најдени и полициски белешки кои исто така ќе бидат одземени. Ваков е исходот од претресот кој траеше повеќе часови во домот на Стаменковски во скопско Влае. Меѓу останатото, полицијата по наредба на обвинител, одзела и мемориски уреди. За сето ова, Обвинителството најави детали за во текот на утрешниот ден.

Засега, официјално од Обвинителството е само информацијата дека во тек е постапка против сопственикот на порталот. Со оглед дека постапката за обезбедување на докази е во тек, не соопштуваат повеќе детали.

Треба да знаете
Последни објави