Екс – менаџерот на Манчестер Јунајтед ќе биде спортски директор на Ливерпул?

Англискиот премиерлигаш Ливерпул би можел да тргне во „лов“ по австрискиот стручњак Ралф Рангник, но не за тој да биде замена за Јирген Клоп на менаџерската позиција.

Ливерпул на крајот од сезоната ќе остане без спортскиот директор Џулијан Вард. Сигурно е дека ќе се промени сопственичката структура, но потребно е да се најде човек кој ќе има преговарачка моќ кога станува збор за регрутирање на нови и талентирани фудбалери. Менаџментот наводно разговарал со соработникот на Монако, Пол Мичел, но не бил постигнат договор, па се разгледуваат други опции.

Една од нив е Ралф Рангник. Нешто изненадувачки, освен што го водеше Манчестер Јунајтед, остатокот од приказната совршено се вклопува. Рангник е некој што најдобро работи зад сцената и како тренер освен во периодот во Лајпциг не се докажал премногу.

Ниту сега не блеска како селектор на Австрија, па до лето би можел да си замине од таа функција. Јирген Клоп многу го почитува знаењето на Рангник и, според медиумите на Островот, не би имал ништо против да работи со него.

Интересно е што Рангник „откри“ играчи како Роберто Фирмино, Ибрахима Конате, Садио Мане, Наби Кеита, Такуми Минамино, фудбалери кои со помал или поголем успех го носат или го носеле дресот на Ливерпул.

Треба да знаете
Последни објави