(Видео)Ирвинг со победа дебитираше за Далас 

Кајри Ирвинг, новиот соиграч на Лука Дончиќ, синоќа усепешно дебитираше за Далас во гостинскиот триумф против Клиперс (110:104). Ова беше четврта победа за Далас во последните пет натпреаври во кошаркарската НБА-лига. Словенечкиот интернационалец Дончиќ се уште е повреден и не настапи, а Далас се адаптираа на новиот лидер кој не ја пропушти шансата да се наметне.

Ирвинг го заврши мечот со 24 поени, пет асистенции и четири скока. Зад себе имаше уште четворица во двоцифрени поени, додека кај Клиперс, Пауел предводеше исто така со 24 коша, во ситуација кога и Пол Џорџ (20) и Каваи Ленард (19) остана скромни.

Демијан Лилард беше предводник на Портланд против Голден стејт (125:122). Тој натпреаврот го заврши со 33 поени 10 скока и 11 асистенции, што е само втор негов трипл-дабл во 11-годишната кариера во НБА. Најефикасен на мечот беше Џордан Пул со 38 коша.

Резултати: Јута – Минесота 118:143, Хјустон – Сакраменто 128:130, Торонто – Сан Антонио 112:98, Мајами – Индијана 116:111, Бостон – Филаделфија 106:99, Вашингтон – Шарлот 118:104, Кливленд – Детроит 113:85, ЛА Клиперс – Далас 104:110, Портланд – Голден стејт 125:122.

Треба да знаете
Последни објави