Search

Халанд размислува да замине од Сити поради Гвардиола

Напаѓачот на актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер сити и норвешки репрезентативец Ерлинг Халанд би можел да го напушти тимот поради влошени односи со тренерот Пеп Гвардиола, објави шпанскиот весник „Насионал“. Истиот извор наведува дека во соблекувалната на Сити владее нарушена атмосфера поради резултатите во изминатите неколку месеци. Манчестер сити беше елиминиран од Саутемптон во Лига купот, по што беше поразен од градскиот ривал Манчестер јунајтед, а загуби и на гостувањето кај лондонски Тотенхем.

-Напаѓачот кој постигна 31 голови на 27 натпревари не е задоволен од начинот на кој игра Сити. Можеби звучи апсурдно, бидејќи на Халанд очигледно тој систем му одговара, но факт е дека Жоао Кансело го напушти клубот поради лошите односи со Гвардиола, а и Бернардо Силва размислува да ја смени средината, наведува „Насионал“.

Халанд лани дојде во Манчестер сити од Борусија Дортмунд за 60 милиони евра. 

Треба да знаете
Последни објави