Search

Далас без Дончиќ, а Голден стејт без Кари забележаа победи

Изминатата вечер во кошаркарската НБА лига се одиграа осум натпревари, кои не донесоа поголеми изненадувања. Без првите ѕвезди во тимовите победи забележаа Голден стејт и Далас. Актуелниот шампион Голден стејт беше убедлив против Оклахома со 141:114. Клеј Томпсон го надополни отсуството на Стеф Кари и мечот го заврши со 42 поени, предводејќи го Голден стејт до триумф. Најистакнат поединец кај гостите беше Гилџус Александар со 20 постигнати поени.

Далас без словенечкиот интернационалец Лука Дончиќ ја победи Јута со 111:124. Отсуството на Словенецот го надополнија Џош Грин и Џејден Харди кои постигнаа по 29 поени.

РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Бостон 99:111, Вашингтон – Кливленд 91:114. Бруклин – ЛА Клиперс 116:124, Чикаго – Сан Антонио 128:104, Хјустон – Сакраменто 120:140, Јута – Далас 111:124, Голден стејт – Оклахома 141:114, Портланд – Милвоки 108:127.

Треба да знаете
Последни објави