Search

Тинејџер од Матејче со „туран“ се судрил со полициски „спарк“, петмина повредени

На 05.02.2023 околу 21.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар” и „Пиринска Македонија” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туран” со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.И.(19) од село Матејче, липковско и патничко возило „шевролет спарк”, сопственост на МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген” и двајца негови сопатници, Б.Р. и А.Р., констатирани во Општа болница Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.

Треба да знаете
Последни објави