Search

Реал Мадрид без Куртоа на голот на Светското клупско првенство и во осминафиналето од ЛШ

Поразот за Реал Мадрид на вчерашното гостување кај Мајорка (0:1) не беше единствена причина за главоболка на тренерот Карло Анчелоти, бидејќи на загревањето за натпреварот се повреди првиот голман Тибо Куртоа и беше повлечен од стартниот тим. Место Куртоа на голот кај Реал Мадрид застана Украинецот Андреј Лунин.

Белгискиот репрезентативен чувар на мрежата според првичните прогнози го очекува подолга пауза. Тој со сигурност ќе го пропушти Светското клупско првенство,на кое „кралевите“ ќе настапат како актуелни прваци на Европа. Реал Мадрид в среда од 20:00 часот игра против Ал Ахли во полуфиналето на Светското клупско првенство.

Куртоа е неизвесен и за двомечот од осминафиналето во ЛШ во кој мадридскиот тим за противник ќе го има Ливерпул. Првиот натпревар од нокаут-фазата во елитното клупско натпреаврување ќе биде одигран на „Енфилд“ на 21. февруари.

Треба да знаете
Последни објави