Search

Поради прекршување на финансискиот фер-плеј Манчестер сити се соочува со одземање на бодови во Премиер лигата

Актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер сити може да биде казнет со одземање бодови во Премиер лигата. „Граѓаните“ се во хаос по поразот од Тотенхем. Го загубија чекорот со лидерот Арсенал во трката за одбрана на титулата, а им се расипа односите и меѓу тренерот Пеп Гвардиола и првиот стрелец Ерлинг Холан. На сето ова им се додава и обвинување дека направиле над 100 прекршувања на финансискиот фер-плеј.

Според „Дејли Мејл“, ова официјално го покажа четиригодишната истрага на Премиер лигата за финансиското работење на Манчестер сити, а се однесува на девет сезони почнувајќи од сезоната 2009/10, односно откако беа во сопственост на шеикот Мансур бин Зајед од Емирати.

Поради таквите прекршоци на клубот му се заканува одземање на бодови, но засега нема официјална пресуда против нив, ќе се одлучува каква казна ги чека во Премиер лигата.

Истрагата против Сити беше отворена во март 2019 година, кога германскиот весник „Шпигел“ пишуваше за „неисправниот“ бизнис на клубот од Манчестер. Тогаш реагираше УЕФА и го казни Сити поради „средување на книгите меѓу 2012 и 2016 година“ преку спонзори, па беа исфрлени од Лигата на шампионите на две години.

Но, тоа беше само привремено, Спортскиот арбитражен суд ја укина оваа одлука и Сити беше вратен во Лигата на шампионите, а казната им беше намалена од 30 на 10 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави