Search

Интер му ја одзема капитенската лента на Шкрињар

Извршниот директор на италијанскиот фудбалски калчолигаш Интер, Џузепе Марота го коментираше одземањето на капитенската лента на дефанзивецот на тимот, Милан Шкрињар.

Претходно Словакот одби да го продолжи договорот со „нероаѕурите“ и најави дека во летниот преоден рок ќе се пресели во ПСЖ.

– Капитенската лента има одредено значење, и ако некој не го разбира тоа, мора да направиме соодветен избор. Одземањето на капитенската лента на Шкрињар не е поврзано со дисциплински причини, тој е професионалец, изјави Марота за „ДАЗН“.

Оваа сезона, 27-годишниот Шкрињар забележа 27 настапи за „нероаѕурите“ во сите натпреварувања и има една асистенција. Неговиот договор со клубот е до летото 2023 година. 

Треба да знаете
Последни објави