Search

АВМУ ќе донира милион денари помош за Турција

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе додели финансиска помош – донација во висина од еден милион денари за санирање на последиците од земјотресот што ја погоди Република Турција.

Финансиските средства ќе бидат уплатени на посебна наменска сметка на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Фонд за солидарност, соопшти АВМУ.

Агенцијата изразува сочувство до семејствата на настраданите и до турскиот народ.

Треба да знаете
Последни објави