Search

ВМРО-ДПМНЕ:СДС потпиша договор за добрососедство, а односитe со Бугарија никогаш не биле полоши

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

За СДС е успех што успеале да организираат настан, кој со децении се организира, воодушевени од себе и сами се фалат со соопштенија.

Очигледно е дека СДС очекуваше друг тек на настаните, особено откако ја понижија Македонија и шират антимакедонско расположение во односите со Бугарија, но народот ги демантираше.

Заради СДС Македонија е негирана, понижена и блокирана.

Тоа што полициските службеници си ја вршеле работата на Деве Баир не е резултат на способноста на Ковачевски или некој од СДС, тоа е нивна задача и должност.

Од друга страна, наспроти полицијата која е од народот, СДС вчера си го понижи народот и не дозволи да положи цвеќе, оставија стотици на студот, и се изживуваше со граѓаните.

Односите со Бугарија дојдоа до овој степен заради поданичкиот однос на СДС, па имаме изблив на шовинизам од Бугарска страна и јавно ветување награди за откривање на идентитетот на Македонски полицајци, и министри од СДС, како Љупчо Николовски за кој не знаеме дали за пари или затоа што е политички неписмен го објави идентитетот.

СДС има милион причини да се срами, наместо да се фали дека успеале да организираат настан кој пред нив е организиран неколку децении без проблем.

Треба да знаете
Последни објави