Search

Барселона му побегна осум чекори на Реал Мадрид

Барселона продолжи со доминацијата во шпанската фудбалска Ла Лига откако вечерва на „Камп Ноу“ прокнижи нова 17. победа сезонава, овојпат против Севилја (3:0) и ја зголеми предноста пред Реал Мадрид во трката за титулата на осум бодови.

Барселона не ги искористи шансите во првото полувреме, но затоа во вториот дел погоди дури трипати. Серијата гполови за убедлив триумф ја почна Алба во 58. минута. Каталонскиот гигант само 12 минути подоцна преку Гави зголеми на 2:0, а потоа во 79. минута преку Рафиња стрелаше за 3:0.

Барселона има 53 бодови на првата позиција, осум повеќе од Реал Мадрид, додека Севилја има 21 бод на 16. место во Ла Лига.

Треба да знаете
Последни објави