Search

Баерн ја постигна првата бундеслигашка победа во 2023 година

Актуелниот германски фудбалски првак Баерн Минхен конечно дојде во првата бундеслигашка победа во 2023 година, на гостувањето кај Волфсбург (4:2).

„Баварците“ имаа доста проблеми на претходните лигашки средби каде трипати ремизираа со идентичен резултат 1:1 против РБ Лајпциг, Ајнтрахт Франкфурт и Келн. Целта на избрнаиците на Нагелсман беше да дојдат до трите бода и да го вратат првото место на табелата, цел која ја остварија пред се поради првите фуриозни 19 минути во кои трипати ги матираа „волците“ преку Коман на двапати и Милер.

Домаќините во финишот на првиот дел ја вратија надежта преку Камински. Во 54 минута Кимих заработи црвен картон по што стана уште потешко за Баерн, но шампионот одговори како што знае и умее, Мусиала стрелаше во 73 за 4:1, а конечниот резултат го постави Сванберг во 84 минута.

Тимот од Минхен е на првото место со 40 бода, а заднего се Унион Берлин, Борусија Дортмунд и Лајпциг.

Треба да знаете
Последни објави