„Топџиите“ утрово се пофалија дека го продолжиле договорот со Мартинели до јуни 2027 година. Тој е еден од столбовите на фантастичните настапи оваа сезона и со седум гола е на делба на второто место меѓу стрелците во тимот, заедно со Букајо Сака, помалку само од Мартин Едегард.
„За нас е голема работа што Габриел потпиша нов договор со клубот. Нашата идеја е да градиме тим од млади таленти, каков што е тој“, изјави спортскиот директор на Арсенал, Еду.
Мартинели дојде во Арсенал како 18-годишник, во јули 2019 и отогаш тивко и посветено си го избори своето место во првите 11. Есеноска доби место и во бразилската репрезентација на СП во Катар, иако не беше стартер, па одигра цел меч со Камерун и некоја минута против Србија и против Јужна Кореја. За Арсенал има вкупно 111 меча, а во нив 25 гола и 16 асистенции.