Search

Телохранителот на Апасиев возел без возачка дозвола и во алкохолизирана состојба

Инцидент се случил со возачот Бојан Богески Боки кој е и телохранител на претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Синоќа биле запрени од полицијата со луксузно возило мерцедес при што било констатирано дека лицето немало важечка возачка дозвола и на лице место му е изречена парична казна.

Тој бил во алкохолизирана состојба.

Претходно тој бил со неколку членови на Левица во ресторана во Скопски Бисер.

Како што пренесува порталот Вечер.мк, телохранителот на Апасиев претходно е осудуван на условна казна за тешки телесни повреди и насилство.

Засега, нема никаков коментар од Левица и/или Апасиев, ниту од МВР. Од порталот најавуваат повеќе детали во текот на денот.

Извор: Вечер.мк

Треба да знаете
Последни објави