Search

Весник „Илинден”: Ѓурѓај на средба со директорот на КОВЗРГ, Сотировски

Претседателот на македонско друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на престојот во Скопје оствари средба со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), Даријан Сотировски, објави електронското издание на весникот „Илинден”.

– На средбата првиот човек на друштвото го информираше Сотировски за актуелната положба на Македонците во Република Албанија, за што тој покажа исклучителен интерес. Ѓурѓај посочи одредени прашања и проблеми со кои соочуваат Македонците, наведува весникот.

Според истиот извор, Ѓурѓај и генералниот координатор на друштвото за Македонија, Ламбе Шатровски имале средба и со градоначалникот општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

– На средба се отворија повеќе теми, меѓу кои  и за перспективите за заедничка соработка меѓу  друштвото „Илинден” и оваа скопска општина. Беа договорени повеќе активности за промоција на културните вредности, можности за едукација и работни посети, пренесува весникот.

Претходно претседателот на МД „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средба со претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Треба да знаете
Последни објави