Search

Сообраќајот се одвива без забрани, по влажни коловози, врнежи од снег на Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Треба да знаете
Последни објави