Search

Прекинат мечот Саутхемптон и Астон Вила откако слета дрон на теренот

Натпреварот од англиската Премиер лига помеѓу Саутхемптон и Астон Вила беше прекинат, затоа што на играчите над глава им леташе дрон.

Во една од последните акции од првото полувреме, Астон Вила имаше слободен удар, а камерата ги фати навивачите на трибината над домашниот гол како покажуваат кон небото и го свртуваат вниманието на судиите кон летечкиот објект, кој потоа влезе во теренот.

Капитените Џејмс Вард-Проус и Емилијано Мартинез се консултираа со судијата, како и менаџерите Нејтан Џонс и Унаи Емери, по што на Солсбери му беше покажан патот до соблекувалната.

Се уште не е познато каде и од која причина пристигнал летечкиот објект, но судијата превентивно донел одлука да го прекине натпреварот, а потоа обезбедувањето на Саутемптон го отстрани дронот од теренот.

Во денешно време кога дронови се користат во војни и во терористички акции, судијата постапи според правилата. Прекинот беше во финишот на првото полувреме при резултат 0-0, а средбата продолжи после пауза од десетина минути.

Треба да знаете
Последни објави