Search

Луис Енрике тренер на Бразил?

Луис Енрике, до неодамна стратег на шпанската селекција, е новиот кандидат за селектор на бразилската фудбалска репрезентација.

Претседателот на бразилската фудбалска конфедерација Едналдо Родригез се подготвува да отпатува во Европа за да се сретне со Енрике, како и со некои други неименувани кандидати.

Како што пишува шпанскиот UOL eporte, Луис Енрике веќе разговарал со легендарниот бразилски играч Роналдо на кого му признал дека е многу возбуден поради можноста да го преземе „Селесао“.

Доколку навистина популарниот Лучо го наследи Тите, тој ќе стане првиот странец на клупата на Бразил по 58 години.

Пред Енрике се споменуваа имињата на Жозе Мурињо, Карло Анчелоти, Зинедин Зидан… но сите тие го негираа доаѓањето на петкратниот светски шампион.

Родригез истакна дека одлуката за новиот тренер ќе треба да биде донесена до крајот на февруари.

Треба да знаете
Последни објави