Search

Претставници од Министерството за транспорт и врски и градоначалникот Јанчев потпишаа договор за документација за поголема безбедност во сообраќајот

Претставници од Министерството за транспорт и врски денеска имаа состанок со градоначалникот Митко Јанчев и службите од општината Кавадарци. Од кабинетот на Јанчев информираа дека на состанокот е потпишан договор за изработка на стратешка документација, за подигање на нивото на безбедност во сообраќајот во градот Кавадарци.

– Во наредниот период се планира да се формираат и работно тела за изготвување на стратегија за безбедност и Општински Совет за безбедност на сообраќајот, во Општина Кавадарци, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Оттаму нагласија дека локалната самоуправа континуирано работи на подобрување на сообраќајната безбедност во општината.

Треба да знаете
Последни објави