Search

Николоски по средбата со Ѓурај: За функционирање со полно работно време на граничниот премин Џепчиште – Требиште ќе поднесам и пратеничко прашање

Имавме средба со господинот Николај Ѓурај кој што е претседател на Здружението Илинден на кое што членуваат најголем дел од Македонците кои што живеат во Албанија, информира Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и доава: 
-Разговаравме за состојбата за Македонците во Албанија, за одредени иницијативи кои што може да се покренат тука во собранието. Пред се разговаравме околу целосна функционалност на граничниот премин Џепчиште – Требиште кој што е потребен за да можат полесно да комуницираат нашите луѓе од двете страни на границата. Тој граничен премин во моментот не работи во полно работно време, односно работи само од 8 часот наутро до 18 часот попладне во зима, и од 8 часот наутро до 19 часот попладне во лето.
Сметам дека е добро да работи 24 часа и исто така втора работа да е граничен премин во целосна функција, а не само за тие кои што живеат во околните средини на граничниот премин и заради тоа веќе спремам пратеничко прашање до Владата и МВР во кое ќе побарам граничниот премин да работи 24 часа. Тоа беше едната тема која ја разговаравме.
Втората тема е во однос на состојбата на Македонците во Албанија  сметам дека е потребно македонската влада да даде поголема поддршка на активностите кои ги имаат Македонците во Албанија преку програмите кои ги има МНР пред се за македонците кои живеат  во соседните држави, конкретно ова здружение со кое имав средба го издава весникот Илинден кој е на македонски јазик и добро е да се поддржи тој проект затоа што се информираат за случувањата и во Македонија како и во Албанија и во средините кои живеат исто така треба да се унапредува образованието од опозиција тоа е она што може да го направиме во моментот. Се надевам дека по изборите и формирање на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе можеме да правиме многу повеќе активности.

Треба да знаете
Последни објави