Search

Кејн се сели од Тотенхем во Манчестер јунајтед?

Хари Кејн (29), деветката на англиската репрезентација и голгетерот на Тотенхем си заминува од клубот во кој е од својата 11 година и тоа во Манчестер јунајтед, пишува тиражниот британски Дејли Мејл, повикувајќи се на секогаш добро упатени извори од двата клуба.

Договорот на Кејн му истекува во летото 2024 година, но ако целата работа има свој епилог како што е најавено, би останал во Северен Лондон до летото годинава.

Тој е првата желба на тренерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг, за претстојната сезона во која, јасно е дека Манчестер Јунајтед би сакал повторно да се бори за сите трофеи на располагање. Според Англичаните, Кејн не би имал ништо против да замине во нова средина, дури и ако тоа е омразен ривал во борбата за титули.

Следствено, играчот и неговите агенти сè уште не ја ни разгледале опцијата за продолжување на договорот со Тотенхем, кој одамна го стави на маса.

Во Манчестер Јунајтед, очигледно, не седат со скрстени раце. Раководството на клубот од Олд Трафорд веќе ги доби првите знаци за интерес на Кејн и сега ќе тргне на работа.

Подготвени се да му понудат на Тотенхем онолку колку што бараат, иако е јасно дека зделката (најверојатно) ќе биде помала од 90 милиони евра, колку што Кејн моментално се проценува на Трансфермаркт. Јасно е дека Спарс нема да ја пропушти можноста да профитира финансиски од заминувањето на Кејн, но бидејќи тој ќе влезе во последната година од договорот на лето, неговата цена не треба да биде астрономски висока, односно да не надминува трицифрена сума од милиони.

Контроверзниот претседател на Тотенхем, Даниел Леви до сега не сакаше ниту да слушне никаква понуда за Кејн, но сега сепак ќе мора да попушти, иако би можел да опстои на барањето 100+ милиони токму затоа што го дава најдобриот играч на ривал.

Дејли Мејл пренесува дека Јунајтед има подготвени дури две дополнителни опции, доколку зделката со Кејн пропадне.

Тоа се Виктор Осимхен (24) од Наполи и Бенјамин Шешко. Брилијантниот 19-годишен Словенец веќе е на радарот на Манчестер, а и двајцата би биле долгорочно решение на позицијата прв напаѓач.

Тоа не е случај со Кејн, бидејќи тој ќе наполни 30 години непосредно пред почетокот на следната сезона.

Треба да знаете
Последни објави