Search

„Жртвата“ од тепачката во Охрид поради нерасчистени сметки ќе биде евакуирана со авион на лекување во Софија !?

Секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков (21),  кој беше претепан од тројца свои сограѓани поради нерасчистени сметки, а не поради политички побуди како што сака да го прикаже случајот источниот сосед, со авион „Фалкон” на бугарска влада ќе биде пренесен на лекување во Софија. Веста ја потврдуваат бугарските медиуми, кои пренесуваат остри реакции од бугарското МВР, опишувајќи ја кафеанската тепачка во која тој бил повреден како тешко криминално дело, извршено врз граѓанин на Република Северна Македонија со бугарска самосвест и секретар на организацијата „Цар Борис Трети“ во Охрид. Според информациите од теренот тепачката која почнала со вербална расправија била   поради претходни лични недоразбирања, а кулминирала надвор од угостителскиот објект.

Христијан седел во ресторанот на познат хотел на кеј Македонија, кога таму влегле три лица од Охрид, со кои во минатото имал недоразбирања, и тој започнал да им дофрла навредливи зборови.

Според нашите извори, најверојатно и тој, но и лицата кои се степале со него биле под дејство на алкохол, и не станувало збор за тепачка поради омраза поради неговата бугарска самосвест или политика, туку поради приватни настани од минатото. Но, како што раскажуваат охриѓани, секретарот на клубот „Цар Борис Трети“ бил познат во градот како личност која и во минатото имала проблеми со законот.

Минатиот месец против него беше поднесена пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и од него беше одземен кокаин. Настанот се најде и во дневниот билтен на СВР Охрид.

Се говори дека веројатно вчерашната тепачка била резултат на криминално-наркоманска пресметка, бидејќи и напаѓачите имаат криминални досиеја.

Треба да знаете
Последни објави