Search

Изненадување: Арсенал договорил стопер од Италија за 25 милиони евра!

Тросар е многу блиску до потпис со Арсенал, а изгледа дека клубот од Лондон договорил и засилување во одбраната во овој преоден рок.

Станува збор за полскиот фудбалер од редовите на Специја, Јакуб Кивиор кој пристигнува од редовите на Специја за 25 милиони евра и потенцијални пет преку бонуси.

Информација ја потврди познатиот Џанлука Ди Марцио, но и уште неколку извори од Италија.

Италијанските аналитичари веќе некое време го оценуваат како еден од најталентираните дефанзивци во Серија А пред кој е светла иднина. Минатата година дебитираше за репрезентацијата на Полска и одигра девет натпревари за националниот тим.

Во редовите на Специја пристигна летото 2021 година од Жилина за 2.2 милиони евра и од него италијанскиот клуб одлично заработи.

Треба да знаете
Последни објави