Search

Четворица Албанци уапсени во Италија за шверц на тон кокаин

Италијанската полиција во пристаништето Савана запленила еден тон кокаин сокриен на дното на брод. Дрогата ја пронашле нуркачи од поморскиот оперативен оддел на Савона.

Зпленети се 741 пакетчиња кокаин, спакувани во 26 целофански обвивки, вешто скриени во делот кај моторите на бродот, со вкупна тежина од околу еден тон. Уапсени се четворица албански државјани, јавија албанските медиуми.

Италијанските власти акцијата ја почнале на втори месецов а дрогата пристигнала со трговски брод под знамето на Хонг Конг кој тргнал од пристаништето Сантос во Бразил на 30 декември.

Треба да знаете
Последни објави