Search

Инвестициска фирма му украла на Јусеин Болт – 12,7 милиони долари

Најбрзиот човек на светот Јусеин Болт, еден од најдобрите атлетичари на сите времиња, останал покус за 12,7 милиони долари откако инвестициска фирма од Јамајка му ги украла парите, а во моментов е под истрага на властите.

Адвокатите на Болт побараа фирмата да ги врати парите, зашто Болт на сметка имал 12,8 милиони „зелени банкноти“, а моменталното салдо му е само – 12.000 долари. Линтон П. Гордон, адвокатот на Јамајканецот го објавил писмото за агенцијата Асошиедед Прес во кое се бара да се вратат парите од фирмата „Стокс анд Секјуритис Лимитид“.

„Се надеваме дека ова не е точно, но ако е – тоа е чин на измама и кражба. Ова е сериозен криминален чин“, пишува меѓудругото.

Адвокатите најавиле кривична тужба за измама ако парите во рок од десет дена не се вратат на сметката на Болт.

Фирмата „ССЛ“, пак, на својата интернет страница објави дека бара од клиентите сите итни прашања да ги испратат до комисијата за финансиски услуги на Јамајка, која ја истражува фирмата, а не одговори на обвинувањата на адвокатот на Болт.

Компанијата претходно месецов објави дека открила измама во која на неколку клиенти им недостигаат пари. Владината агенција, пак, после претставката од адвокатите на Болт веднаш именуваше специјален ревизор за да ги испита обвинувањата за измама и кражба на пари.

Треба да знаете
Последни објави