Копман стапи на должноста директор на Директоратот за проширување

Холанѓанецот Герт Јан Копман ја презеде функцијата генерален директор на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија (ДГ НЕАР).

Копман објави на Твитер дека со нетрпение очекува да се справи со огромните предизвици во сегашната геополитичка средина со сите во ДГ НЕАР.

Ефикасната политика за проширување и соседство на ЕУ е поважна од кога било, посочи Копман.

Копман претходно беше генерален директор во Дирекцијата за буџет (БУДГ), а работеше и во каде што беше и генерален директор. Работел во директоратите за конкуренција (ЦОМП) и за економски и финансиски работи (ЕЦФИН).

Во областа на проширувањето ГД НЕАР им помага на земјите кои имаат перспектива да се приклучат на Европска Унија во исполнувањето на критериумите дефинирани со Договорот за ЕУ и Европскиот совет.

Треба да знаете
Последни објави