Search

Ливерпул во реваншот ги победи „волците“ за четврт-финале на ФА купот

Фудбалерите на Ливерпул по реванш натпреварот го исфрлија Вулверхемптон во третото коло на ФА Купот, откако славеа на гостувањето на „Молинеу“ со 0-1 (0-1). Човек на одлука на оваа средба баше Харви Елиот, кој уште во првото полувреме донесе предност и неговиот тим успеа да ја задржи до крајот.

„Црвените“ успеаја да поведат практично од првата шанса на дуелот. Елиот доби топка од Тиаго и повлече, па со одличен удар успеа да го матира Хозе Са за 0-1 во 13. минута. Во продолжението Ливерпул имаше уште шанси, се обиде и Цимикас, а мрежата на домашните ја затресе и Карваљо, меѓутоа голот не важеше поради офсајд. На спротивната страна најголемата закана ја имаше Адама Траоре, ама биеше крај голот.

Вториот дел беше со навистина низок интензитет. Клоп со измени успеа да го умртви темпото на игра. Вулверхемптон се обидуваше целосно да се наметне, меѓутоа не успеа да го загрози противничкиот гол и мораше да го прифати поразот.

Треба да знаете
Последни објави