Search

Гувернерот на Њујорк го критикуваше одговорот на федералните власти на напливот на мигранти

Гувернерот на Њујорк Ерик Адамс го посети граничниот град Ел Пасо во Тексас и го критикуваше одговорот на американските федерални власти на огромниот прилив на мигранти во американските градови.

Адамс рече дека е потребна „јасна координација” и дека на градовите каде што пристигнуваат мигранти им е потребна помош од Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА).

– Нашите градови се поткопани. Ние не го заслужуваме тоа. Мигрантите не го заслужуваат тоа. Ниту луѓето кои живеат во градовите не го заслужуваат тоа. Очекуваме повеќе од нашите национални лидери; тие да се посветат на ова прашање на опиплив начин , рече Адамс на крајот од дводневната посета на Ел Пасо, на југот на САД.

Адамс оцени дека градот Њујорк е преплавен со мигранти, имајќи предвид дека минатото лето примил 40.000 баратели на азил, а минатата недела бил поставен рекорд во нивниот дневен прилив, откако 840 од нив пристигнале за само еден ден.

– Њујорк не може повеќе. Ние не можеме, рече Адамс, додавајќи дека не можат ниту другите градови и дека „ниту еден град не го заслужува тоа што се случува”.

Адамс, член на Демократската партија, ја критикуваше практиката на гувернерите на некои сојузни држави да транспортираат мигранти од границата директно до градовите, вклучително и Њујорк, лоциран на североисток од САД.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, член на Републиканската партија, испраќаше автобуси со мигранти во градовите кои се управувани од демократите во текот на изминатата година за да ја разоткрие што е можно повеќе, како што тој вели, неактивноста на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во однос на голем број мигранти кои пристигнуваат преку јужната граница, од Мексико.

Адам,с укажа дека на ист начин се однесува и гувернерот на американската држава Колорадо, кој е член на Демократската партија – имено, со автобуси испраќа мигранти во Њујорк.

Според Адамс, двајцата гувернери покажуваат „двопартиско непочитување кон градовите, што е погрешно”.

Адамс рече дека федералната влада треба да ги преземе трошоците што ги имаат градовите за да им помогнат.

– Потребно ни е вистинско раководство од Федералната агенција за управување со вонредни состојби. Ова е национална криза, додаде Адамс.

Американскиот претседател Џо Бајден, исто така, го посети Ел Пасо овој месец.

Треба да знаете
Последни објави