(Видео) Јокиќ со звукот на сирената го израдува Денвер

Денвер го совлада Орландо со 119:116 во меч од кошаркарската НБА-лига. Српскиот интернационалец Николо Јокиќ повторно беше клучниот играч за тимот на Денвер. Јокиќ не беше најефикасниот на овој натпревар, но одново дојде до трипл-дабл. Србинот го заврши мечот со 17 поени, 14 асистенции и десет скокови. Во последната секунда Јокиќ постигна тројката за победа на својата екипа.

Гордон со 25 поени беше најефикасниот поентер кај Денвер, додека Фулц за Орландо постигна 20.

Без словенечкиот интернационалец Лука Дончиќ во составот Далас изгуби уште еднаш од Портланд. Дончиќ поради повреда не настапи, а Лилард го водеше својот тим со 40 поени. Динвиди во редовите на Далас постигна 28 поени.

Резултати: Детроит – Њујорк 104:117, ЛА Клиперс – Хјустон 121:100, Чикаго – Голден стејт 132:118, Бруклин – Оклахома 102:112, Сан Антонио – Сакраменто 119:132, Денвер – Орландо 119:116, Портланд – Далас 140:123, ЛА Лејкерс – Филаделфија 112:113.

Треба да знаете
Последни објави