Search

(Видео) Со автомобил удри во Бранденбуршката порта и загина на самото место

Едно лице загина зад воланот на автомобил кој удри во столб на Бранденбуршката порта во Берлин, соопшти германската полицијата.

Според полицискиот извештај, автомобилот удри во еден од најпознатите берлински симболи синоќа околу 23:30 часот. Други детали не се дадени.

Пожарникарите излегле на местото на несреќата и зад воланот на возилото пронашле безживотно тело, соопшти портпаролот на берлинската полиција која го обезбедувала теренот. Во автомобилот немало никој освен лицето кое го управувало возилото.

Бранденбуршката порта била изградена од 1789 до 1791 година.

Треба да знаете
Последни објави