Search

Ѓоковиќ го откажа тренингот на ден пред почетокот на Австралија опен

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ го откажа последниот тренинг пред почетокот на Австралија опен, дел од неговите фанови се загрижени поради неодамнешните негови проблеми со повреда.

Ѓоковиќ има проблем со задната ложа по што не тренира со полн интензитет, а тој реши да не го одржи тренингот кој беше закажан за 12:15 по локално време.

Во петокот Новак изјави дека само е претпазлив и затоа не тренира со полн интензитет, изрази надеж дека ќе нема проблем со повреди кога ќе почне турнирот.

„Малку се мачам со задната ложа, но се надевам дека нема да имам премногу грижи. Засега можам да тренирам и да се натпреварувам. Малку сум повнимателен, не одам со полна сила на тренинзите, штедам енергија за наредната недела. Се надевам дека тогаш нема да имам проблеми“, изјави Ѓоковиќ во петокот.

Ѓоковиќ лани беше депортиран од Австралија поради тоа што не беше вакциниран, па Србинот и неговите фанови имаат посебни мотиви тој да го освои престижниот пехар оваа година.

Треба да знаете
Последни објави