Search

Министерката Петровска била во близина кога експлодирал запалениот автомобил на булеварот „Кочо Рацин“

Министерката за одбрана Славјанка Петровска се нашла во близина на вечерашниот пожар кој се случил на булеварот „Кочо Рацин“ кога автомобил во движење се запалил и експлодирал. Ова го потврди министерката Петровска, која вели дека во ниту еден момент не се посомневала дека ѝ е загрозена безбедноста.

-Се е чиста случајност. Јас одев пешки од спротивната страна на булеварот и во тој момент експлодираше возилото. Нема никаква врска со мене и колку што знам нема повредени, возачот на возилото е добар, вели Петровска за “А1он”.

Полицијата соопшти дека изгорел автомобил „Опел Астра“, кој се запалил во движење, а 21-годишниот возач не е повреден.

Треба да знаете
Последни објави