Search

(Видео) Барса му одржа лекција на Реал во Саудиска Арабија, Чави го освои првиот трофеј

Барселона е освојувач на шпанскиот Лига-Куп, откако во финалето одиграно во Ријад, го „растури“ тимот на Реал Мадрид во првото Ел Класико во 2023 година. Барса на крајот триумфираше со 3:1, целосно надигрувајќи го својот противник. „Кралевите“ беа непретпознатливи, а дека ова беше слабо нивно издание доволно говори податокот што првпат шутнаа на голот во 70. минута.

Чави го освои првиот трофеј како тренер на Барселона. Резултатот беше отворен во 33. минута, едно лошо додавање од Ридигер до Камавинга отвори простор за опасна акција на противникот, Гави го матираше Куртоа за 0:1. Во финишот на првиот дел, одбраната на Реал Мадрид поново реагираше лошо, Гави остана сам и несебично го проигра Левандовски за 0:2.

Гави се најде во улога на асистент и во 69. минута кога го проигра Педри за 0:3. До крајот на натпреварот, Бензема само постигна почесен гол и ги постави конечните 1:3.

За Реал Мадрид ова беше вториот пораз во 2023 година, откако на стартот од годината загубија од Вилјареал во шпанскиот шампионат.

Треба да знаете
Последни објави