Search

Ѓоковиќ за повлекувањето од тренингот: Само сакам да избегнам поголеми проблеми пред Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објасни зошто се откажал од тренинг-натпреварот против Данил Медведев.

– Се работи за тетивата, со која имав проблеми минатата недела во Аделаида во полуфиналето против Медведев, а денес играв со него (се насмевнува).

Се чувствував малку непријатно и решив да се повлечам бидејќи не сакав да ризикувам. Играв сет и му се извинив, а тој имаше разбирање. Само сакам да избегнам поголеми проблеми пред Австралија опен, изјави Ѓоковиќ.

Србинот е 21-кратен освојувач на грен слем трофеи и е еден од главните фаворити за победа на Австралија опен 2023. 

Треба да знаете
Последни објави