Search

Расположениот Дончиќ не го спаси Далас од пораз во Лос Анџелес

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс триумфираа на домашен паркет против Далас маверикс со 113:101 во НБА-лигата, а мечот го одбележа маестралниот словенечки интернационалец Лука Дончиќ кој мечот го заврши со 43 поени, 11 скокови и седум асистенции.

Клиперс постојано ја имаа предноста и во еден момент таа достигна 22 поени, па Далас до крајот намали на осум негатива во последната четвртина, меѓутоа Дончиќ не можеше сам против расположените домаќини.

Екипата од Лос Анџелес ја прекина низата од шест порази, додека на Далас ова му е трет неуспех во последните четири натпревари.

Најефикасен во победата беше Ленард со 33 поени, девет скокови и четири асистенции, додека на спротивната страна, освен Дончиќ, се истакна и Хардавеј со 16 поени и четири скокови.

Резултати: ЛА Клиперс- Далас  113:103, Филаделфија – Детроит 147:116, Мајами – Оклахома 112:111, Торонто – Шарлот 132:120, Јута – Кливленд 116:114, Голден Стејт – Феникс 113:125, Портланд – Орландо 106:109.

Треба да знаете
Последни објави